Единствена Македонија: СДСМ-ДУИ со двојни аршини, бараат консензус за изборните промени, а го погазија консезусот за влада меѓу победникот во македонскиот и албанскиот блок


30.01.2022 | 15:01:35 | Соопштенија


Единствена Македонија: СДСМ-ДУИ со двојни аршини, бараат консензус за изборните промени, а го погазија консезусот за влада меѓу победникот во македонскиот и албанскиот блок

Во СДСМ и ДУИ има двојни аршини. Додека со денови слушаме од овие две партии дека за промените во Изборниот законик треба консензус меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците,  тие две партии ги наведнаа главите пред поранешниот амерички амбасадор Џес Бејли и без консензус го погазија правилото за формирање на влада од победничката македонска и албанска партија на изборите.

На парламентарните избори во декември 2016 година победија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но, влада по налог на странски центар формираа СДСМ и ДУИ.

Тоа е вистинското лице на марионетите од СДСМ и ДУИ купени и контролирани од странски центар, лицемерие и задкулисни игри во кои патем се брише и името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Единствена Македонија ќе се бори против двојните аршини на СДСМ и ДУИ заедно со сите политички партии кои се залагаат за избори со една изборна единица.

Патем, ова е стара идеја на Единствена Македонија уште од 22.07.2010 година кога во Собранието поднесовме Предлог-Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со една изборна единица. Тогашниот собраниски спикер Трајко Вељановски повратно не информираше дека нашиот предлог закон им е поделен на пратениците, но за жал, нешто се случи во меѓувреме и предлог законот остана закочен во собраниските фиоки до денешно време.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 30 јануари 2022 година