Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам, се плашиш да изговориш Македонци, а вчера се сретна со Македонци


29.01.2022 | 14:52:01 | Соопштенија


Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам, се плашиш да изговориш Македонци, а вчера се сретна со Македонци

Стево Пендаровски е голем срам за Македонија и Македонците. Вчера на отворена сцена видовме како Пендаровски се откажа од Македонците во Пиринска Македонија нарекувајќи ги граѓани. Пендаровски вчера не смееше да изговори дека се сретанал со Македонците од Пиринска Македонија.

Ваквото неприродно, неприфатливо и недозволиво однесување на Пендаровски не дава гаранција во корист на македонскиот народ пред налетот на Бугарија за целосно негирање на Македонија и Македонците.

Политиката на плашливо и поданичко однесување на Пендаровски кон Бугарија кој одбегна да каже дека се сретнал со Македонците од Пиринска Македонија, го негира македонскиот народ.

Среќа во несреќа е што Пендаровски не ја отсликува вољата на македонскиот народ бидејќи на изборите беше избран со само 23 отсто од вкупно запишаните избирачи а и тој мал број на гласови, добар дел беа подарок од македонските албанци.

Македонскикот народ наивно очекувал од Пендаровски во својство на претседател да биде во одбрана и заштита на Македонците во Пиринска Македонија. А, кој, тогаш, ќе работи на бришењето на се што е македонско?

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 29 јануари 2022 година

Прес 24

Тајм

Грид