Единствена Македонија: Носење на маски во училиштата е тежок грев и злосторство врз децата, родителите да се спротистават на ова


28.01.2022 | 15:34:07 | Соопштенија


Единствена Македонија: Носење на маски во училиштата е тежок грев и злосторство врз децата, родителите да се спротистават на ова

Единствена Македонија најостро ја осудува денешната потврда на министерот за здравсто Беким Сали дека второто полугодие за учесниците започнува со физичко присуство и носење на маски од страна на учениците.

Власта влегува во опасна авантура со нечовечка, нехумана и антицивилизациска мерка врз децата со штетното следење на наставата со маски во училиштата. Носењето на маски при настава е тежок грев и злосторство врз децата.

Дотолку повеќе, еминентни здравствени авторитети секојдневно укажуваат на штетноста по здравјето на децата со следењето на наставата со маски во училиштата, но, од страна на власта молк за овие предупредувања.

Единствена Македонија ја повикува власта во наредните четири дена до почетокот на наставата да ја преиспита одлуката за носење на маски. Доколку власта не се вразуми, Единствена Македонија ги повикува родителите на децата на организирано спротиставување со масовно испраќање на децата во училиште без маски со можност и за бојкот на наставата заради антицивилизациско однесување на власта врз децата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 28 јануари 2022 година