Единствена Македонија до Левица: Благодариме што го официјализиравте во Собранието нашиот предлог-закон за укинување на апанажа


27.01.2022 | 14:11:15 | Соопштенија


Единствена Македонија до Левица: Благодариме што го официјализиравте во Собранието нашиот предлог-закон за укинување на апанажа

Единствена Македонија изразува благодарност до партијата Левица што го официјализира нашиот предлог закон за укинување на апанажата.

Потсетуваме, Единствена Македонија на 25.08.2009 во Собранието под ев. број 3699/1 поднесе Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица во Република Македонија за кратење на функционерските привилегии по престанок на мандатот.

Тогашниот собраниски спикер Трајко Вељановски повратно не информираше дека нашиот предлог закон им е поделен на пратениците, но за жал, нешто се случи во меѓувреме и предлог законот остана закочен во собраниските фиоки.

Но, добро е што двајцата пратеници на Левица го откочија предлог законот како овластени предлагачи на закон во Собранието.

За Единствена Македонија нема дилема. Непримерно е државни функционери да земаат функционерска плата и по престанок на мандатот а ништо да не работат. Дотолку повеќе, неморалното, нечесно и неправедно барање на поранешните министри Радмила Шеќеринска, Никола Димитров, Мила Царовска и други да добиваат апанажа и да уживаат во ненародните привилегии го покажува сиот гнилеж на македонските власти.

Како и да е, новата легална власт на Единствена Македонија е гарант и ветува дека ќе ги укине скандалозните функционерски привилегии за бесмилосното трошење на народните пари и непотребното луксузирање врз грбот на даночните обврзници.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 27 јануари 2022 година