Единствена Македонија: Петровска и државниот врв ги најавија првите жртви на македонски војници во можна војна со Русија


26.01.2022 | 12:45:54 | Соопштенија


Единствена Македонија: Петровска и државниот врв ги најавија првите жртви на македонски војници во можна војна со Русија

Единствена Македонија изразува шокираност од изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека македонскиот државен врв изготвува анализа за учество на македонската Армија за потребите на НАТО во евентуална војна со Русија во Украина.

Единствена Македонија ја прашува марионетската министерка Петровска дали е свесна во каква опасна авантура влегува со можното испраќање на македонски војници да послужат како топовско месо против Русија во евентуална војна со САД.

За жал, Славјанка Петровска во име на македонскиот државен врв без никакви емоции всушност ги најавија првите жртви на македонски војници во војната со Русија.

Но, војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Новата народна власт на Единствена Македонија ќе ја спречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели и да војуваат против пријателскиот народ на Русија.

Марионетската власт во Скопје испупшта од вид дека и покрај членувањето во НАТО или било која меѓународна органзиација, државите имаат свои национални интереси  а национален интерес на Република Македонија е дека нема и ништо не може да оправда војување на македонски војници против Русија. Патем, сведоци сме на отворена сцена како држави-членки на НАТО јасно порачуваат дека нивни војници нема да учествуваат во евентуална војна на НАТО во Украина.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 26 јанаури 2022 година