Единствена Македонија до ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП: Ако вистински сакате една изборна единица зграпчете ја шансата од ВМРО-ДПМНЕ


23.01.2022 | 13:58:23 | Соопштенија


Единствена Македонија до ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП: Ако вистински сакате една изборна единица зграпчете ја шансата од ВМРО-ДПМНЕ

Единствена Македонија ги повикува ДС, ДОМ, ЛДП и ВМРО-НП да го подржат утрешниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада со што се отвора патот за изменување и на Изборниот законик со една изборна единица бидејќи ВМРО-ДПМНЕ подржува една изборна единица доколку овие партии се охрабрат и подржат предвремени избори.

ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП имаат пет пратеници во Собранието и можат заедно со парламентарната опозиција многу лесно да издејствуваат промена на Изборниот законик за една изборна единица, се разбира, доколку вистински, а не лажно и манипулаторски сакаат една изборна единица.

Единствена Македонија ги повикува ДС, ДОМ, ЛДП и ВМРО-НП да ја зграпчат оваа неповторлива шанса што им ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Македонија конечно да добие изборен модел со една изборна единица.

Потсетуваме дека идејата за една изборна единица е веќе официјализирана во Собранието од страна на Единствена Македонија со предлог-закон поднесен уште на 22.07.2010. Тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски со писмен допис повратно не информираше дека нашата иницијатива е доставена до сите пратеници, меѓутоа, истата до денешен ден е закочена во пратеничките фиоки, меѓу кои, и во фиоките на пратениците од ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 23 јануари 2022 година