Единствена Македонија: Власта манипулира со скопјани, формалното преземање на БЕГ го прикажа како решен проблем иако сеуште нема парно во Скопје


22.01.2022 | 13:16:50 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта манипулира со скопјани, формалното преземање на БЕГ го прикажа како решен проблем иако сеуште нема парно во Скопје

Власта на СДСМ покажува лажен и неискрен однос кон жителите на Скопје, манипулира со нив, а и со сите нас, за да се создаде впечаток во јавноста дека СДСМ го решил проблемот со греењето на скопјани.

Со преземањето на БЕГ од страна на ЕСМ власта бомбастично најави дека од 21 јануари е решен проблемот со греење. Но, помина еден ден од најавата а состојбата со ладните радијатори останува иста.

Ако власта имаше искрени намери, ќе им каже на скопјани дека формално-правното преземање на БЕГ од страна на ЕСМ не значи и фактичко решение. Власта манипулира со скопјани со тоа што формално-правното преземање на БЕГ од страна на ЕСМ го прикажува како решен проблем со греењето иако фактички тоа не е така и скопјани и понатаму се смрзнуваатт со ладни радијатори. Дотолку повеќе, власта на СДСМ формално-правните процедури можат да ги тера одреден период а во меѓувреме да дојде крајот на зимата.

Единствена Македонија прашува, зошто се покачија сметките за парно од 14 отсто а во исто време  нема парно. Ова е веројатно уникатен пример во светски рамки да растат сметки, а да нема парно. Власта на СДСМ која плива во безаконите, криминал и корупција нема институционален капацитет за решавање на овој исклучително важен проблем за жителите на главниот град.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 22 јануари 2022 година