11.01.2022 | 02:37:00 | Соопштенија
Денешниот 11 јануари е уште едно потсетување дека пред три години на 11 јануари 2019 година Македонија капитулираше со изгласувањето на уставните амандмани во Собранието со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
Сето тоа беше направено против волјата на народот бидејќи марионетската власт во Скопје кажа „ДА“ онаму каде македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија на референдумот на 30 септември 2018 рекоа „НЕ“.
Но, ништо не е готово. Тоа што го кажува марионетата Зоран Заев дека договорот со Грција е завршена работа, заборавете го. Антимакедонскиот договор со Грција е ништовен според меѓународното право и можа да биде поништен од било која идна власт во Република Македонија.
Потребна е само да дојде народна власт со силна национална и патриотска определба која знае, може и смее да го поништи преспанскиот договор. За Единствена Македонија нема дилема. Се заветуваме дека договорот мора да биде поништен и ќе биде поништен.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 11 јануари 2022 година