Единствена Македонија: Чифлиганец и Комерцијална банка да кажат зошто се откажуваат од 11 милиони евра ако Мијалков избега


02.01.2022 | 16:25:01 | Соопштенија


Единствена Македонија: Чифлиганец и Комерцијална банка да кажат зошто се откажуваат од 11 милиони евра ако Мијалков избега

Единствена Македонија ги повикува Комерцијална Банка и Ванчо Чифлиганец кој е најголем акционер во оваа банка со акции во вредност од 50 милиони евра да и дадат одговор на јавноста зошто се откажуваат од имот вреден 11 милиони евра доколку Сашо Мијалков избега.

Комерцијална Банка и Чифлиганец донесоа одлука дека се согласни хипотеката врз имотот што го понуди Сашо Мијалков како гаранција за да биде пуштен од притвор да го има првенствено државата. Ова е многу индикативно, една приватна банка и приватен бизнисмен како Чифлиганец да се откажат од хипотека врз имот на Мијалков за кое нешто му дале кредит на Мијалков во милиони евра и во една претпоставена ситуација доколку Мијалков избега банката нема да наплати ништо бидејќи хипотеката ја префрла во корист на државата.

Јавноста има право да знае за оваа одлука на Комерцијална Банка и Чифлиганец, доколку повеќе, граѓаните многу добро знаат со какви гаранции и малтертирања се соочуваат со банката при земање на најосновен потрошувачи кредит за да преживеат а ваму банката се откажува од 11 милиони евра.

За Единствена Македонија нема дилема дека одговор на ова прашања може да се даде доколку се испита потеклото на имотот. Да потсетиме, Чифлиганец своевремено го украде златото од „Бучим“ а во 1992 година за време на ембаргото на Обединетите нации спрема СР Југославија, од рудникот Бор во Србија прошверцува бакар за Јапонија во вредност од 200 милиони долари за провизија од 20 отсто , прикажувајќи го како бакар од „Бучим“.

Затоа, не треба да зачудува леснотијата со која македонските транзициски бандити се откажуваат од милиони евра бидејќи не се испотија за богатството, туку го стекнаа со грабеж со посредство на властите и сега се одолжуваат како во случајот со Мијалков

Единствена Македонија останува на определбата во точка 10 од својата платформа „Битка за Македонија“ во која се заветивме за следното: Ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која е извршен грабеж на општествениот имот кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, ревизија и одземање на украденото и во постприватизацискиот период. Одземање на украденото од позиција на власт во изминатите 30 години, мора да има, и ќе има.                                                                                                                                                                                                           

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 02 јануари 2022 година