Единствена Македонија: Власта да го каже потеклото на 11 милиони евра гаранција од Мијалков, народот има право да знае како се збогатил


23.12.2021 | 12:15:27 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта да го каже потеклото на 11 милиони евра гаранција од Мијалков, народот има право да знае како се збогатил

Единствена Македонија ја повикува марионетската власт во Скопје јавно да го покаже потеклото на 11 милиони евра што Сашо Мијалков ги понуди како гаранција да излезе од притвор. Тоа што владини министри зборуваат во еден глас дека се скандализирани од судската одлука за Мијалков е само добра забава за народот.

Клучното прашање кое заслужува одговор е народот да го знае потеклото на 11 милиони евра гаранција кои ги понуди Мијалков. Носител на грабежот од милијарди евра кај претходната власт беше токму Сашо Мијалков. Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените милијарди останат нечепнати.

За жал, Единствена Македонија однапред изразува скептицизам дека власта јавно пред народот ќе го покаже потеклото на богатството на Мијалков и тоа од оправдани причини: И марионетската власт во Скопје длабоко е заглавена во милијарди евра грабеж на народен имот.

Да потсетиме, Зоран Заев како опозиционер велеше дека претходната власт украла 5 милијарди евра и сликовито ветуваше, цитираме: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар“. Еве СДСМ веќе петта година има влада, а Заев нема конфискувано еден денар од украденото. Дури и бројчаникот на Заев во центарот на Скопје застаре и трокира.

Потеклот на имотот во изминатите 30 години може да направат само чесни политичари без ниту една дамка и криминална афера во својата професионална кариера и со силна национална и патриотска определба. Одговорност за грабежот на народни пари мора да има. Украденото од позиција на власт во изминатите 30 години мора да се конфискува и тоа ќе биде направено.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 23 декември 2021 година