Единствена Македонија: Шилегов со долг од 160 милиони евра, Теута Арифи со долг од 24 милиони евра, МВР спие


19.12.2021 | 14:11:47 | Соопштенија


Единствена Македонија: Шилегов со долг од 160 милиони евра, Теута Арифи со долг од 24 милиони евра, МВР спие

Јавноста е сведок како претходни градоначалници на СДСМ и ДУИ ги решетале локалните самоуправи со неодговорно и недомаќинско работење оставајќи ги до гуша во долгови.

 

На пример, Петре Шилегов оставил долг на Град Скопје од фантастични 160 милиони евра а поранешната градоначалничката Теута Арифи го задолжила Тетово за 24 милиони евра. Со ова Скопје и Тетово практично се парализирани во своето работење.

 

Загрижува фактот што народни пари се злоупотребувале од поранешни градоначалници и сето тоа пред очите на државата и полицијата кои се надлежни да испитуваат како се трошеле народните пари.

 

Власта секој ден најавува борба со корупцијата, но од тоа нема ништо. МВР под команда на потпретседателот на СДСМ упорно молчи и не реагира на очигледното ненаменско трошење на народни пари во Скопје и Тетово, замижува пред јавно изнесени податоци за милионски суми во евра. Со тоа, МВР и партиската полиција на Заев и Спасовски се става на страната на криминалот.

 

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за злоупотреба на народни пари мора да има, и ќе има со чесни политичари кои доаѓаат без дамка и афера во својата кариера и со силна национална и патриотска определба.

 

Центар за комуникации на Единствена Макеоднија
Скопје, недела, 19 декември 2021 година