Единствена Македонија: ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП се во скутот на Заев и се уценети, затоа само глумат дека сакаат една изборна единица


15.12.2021 | 12:12:33 | Соопштенија


Единствена Македонија: ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП се во скутот на Заев и се уценети, затоа само глумат дека сакаат една изборна единица

Единствена Македонија ги повикува коалициските партнери на Заев - Демократски Сојуз, ДОМ, ЛДП и ВМРО-Народна да престанат во стилот на здодевни агитатори секојдневно да апелираат државата да биде една изборна единица и да се заложат за промена на Изборниот законик доколку навистина сакаат една изборна единица.

Потсетуваме дека ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП заедно имаат пет пратеници во Собранието и можат многу лесно да издејствуваат промена на Изборниот законик за една изборна единица. Во моментот Заев со Алтернатива има 64 пратеници и без нивните пет пратеници паѓа на 59. Доволно е само едно известување до Заев дека нема да ја изгласаат новата влада ако не се смени Изборниот законик и работата е завршена.

Ја користиме приликата да им ја освежиме меморијата на пратениците од ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП дека идејата за една изборна единица е веќе официјализирана во Собранието од страна на Единствена Македонија.

Единствена Македонија уште на 22.07.2010 му достави на Собранието амандман на Изборниот законик за една изборна единица. Тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски повратно не информираше дека нашата иницијатива е доставена до сите пратеници, меѓутоа, истата до денешен ден е закочена во пратеничките фиоки, меѓу кои, и во фиоките на пратениците од ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП.

Оттука, ги повикуваме пратенците од ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП кои седат во скутот на Заев и се уценети, да престанат да глумат дека се за една изборна единица.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда 15 декември 2021 година