Единствена Македонија: Разочарувачки откуп на тутунот, тутунарите ги живеат најтешките денови наместо да бидат најсреќни со наплата на својата тутунска мака


12.12.2021 | 15:21:19 | Соопштенија


Единствена Македонија: Разочарувачки откуп на тутунот, тутунарите ги живеат најтешките денови наместо да бидат најсреќни со наплата на својата тутунска мака

Единствена Македонија ја потсетува владата дека започна откупот на тутунот а тутунопроизводителите се повторно уплашени и разочарани од откупната цена.

Владата убедуваше дека со новиот Правилник за проценка и формирање на откупните цени тутунарите годинава ќе бидат безгрижни оти ќе добијат реална цена за својата тутунска мака. Но, стартот на откупот на тутунот го кажува спротивното, односно, договореното за проценката, класирањето и цената на тутунот не се почитува.

Единствена Македонија ја повикува владата состојбата да ја сфати максимално сериозно за да не се повтори ланското лошо искуство со катастрофално ниската откупна цена на тутунот. Тутунарите ги живеат своите најтешки денови во последната деценија наместо да бидат најсреќни со тоа што својата мака ќе ја наплатат.

Единствена Македонија секогаш ќе биде во одбрана на тутунарите и заштитата на вековната традиција на производство на тутун како стратешка култура во Македонија.

Единствена Македонија ветува дека идната народна власт ќе го спречи грабежот врз тутунарите. Но, истовремено апелираме до тутунарите доколку повторно бидат прелажани и не го добијат реалното вреднување на својата мака да преземат една поактивна улога во остварувањето на своите права.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 12 декември 2021 година