Божиноски: 39 субјекти од земјата и странство ја продолжуваат битката против фалсификуваниот попис, следува потпишување на Декларација за непризнавање на пописот


11.12.2021 | 15:28:37 | Пописи


Божиноски: 39 субјекти од земјата и странство ја продолжуваат битката против фалсификуваниот попис, следува потпишување на Декларација за непризнавање на пописот

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
Вангел Божиноски, сабота 11 декември 2021 година

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, сабота, 11.12.2021 одржа прес конференција на која во името на Националниот Блок „Не отворам врата“ се обрати Вангел Божиноски.

Божиноски образложи зошто не смеат да се земат предвид пописните резултати осврнувајќи се на законските решенија и методологијата на спроведување на пописот кои се така конципирани за да овозможат фалсификување на пописот.

Исто така, Божиноски најви натамошна битка против фалсификуваниот попис и притоа истакна дека од првичните 20 субјекти сега во Националниот Блок „Не отворам врата“ членуваат 39 субјекти од земјата и странство кои ќе потпишат Декларацијата за непризнавање на пописот.

Да потсетиме, на 11 Октомври полицијата го спречи потпишувањро на оваа декларација во паркот спроти Собранието на Македонија пред споменикот на АСНОМ. Но, Божиноски на денешниот прес објави дека овие 39 субјекти наскоро започнуваат со потпишување на Декларацијата за непризнавање на пописот 2021 година.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, сабота, 11 декември 2021 година