Единствена Македонија: Македонскиот јаничар Ангел Димитров да се прогласи за неприфатлива личност во Македонија


08.12.2021 | 13:51:27 | Соопштенија


Единствена Македонија: Македонскиот јаничар Ангел Димитров да се прогласи за неприфатлива личност во Македонија

Единствена Македонија најостро ја осудува изјавата на претседателот на бугарскиот тим во заедничката македонско-бугарска комисија Ангел Димитров дека не постои македонски народ и македонска држава со што продолжува со антимакедонските провокации за негација кои секојдневно ги слушаме од бугарски политичари, историчари, новинари, професори...

Потсетуваме дека Ангел Димитров во заедничката македонско-бугарска комисија е именувам претставник од страна на бугарската влада во Софија заради што е должен според меѓународното право да го почитува достоинството на Република Македонија и да не се меша во нејзините внатршни работи.

Со тешката навреда спрема македонскиот народ и македонската држава Ангел Димитров го крши меѓународното право. Затоа, Единствена Македонија бара од македонската влада да ја извести бугарската влада дека лицето Ангел Димитров во иднина е неприфатлив - pesrona non grataсо цел, бугарската влада да го отповика и да ја заклучи неговата функција во мешовитата бугарско-македонска комисија.

Ангел Димитров уште еднаш ја потврди поразителната вистина дека македонските јаничари во Бугарија се најсилната врска на велико-бугарската идеологија насочена кон негирање на македонскиот народ. Затоа, доколку Ангел Димитров во иднина стапне на македонско тло, веднаш треба да биде исфрлен како непожелна личност.

Радува фактот што Македонците немаат пробем со Бугарите кои се горди на своето татарско-монголско потекло за кое цел свет знае и базира на неспорни историски докази, туку проблемот на Македонците е со своите македонски јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 8 декември 2021 година