Единствена Македонија до Заев: На крајот на политичката кариера направи добро дело, побарај правда и слобода за осудените за 27 април


07.12.2021 | 13:08:03 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев: На крајот на политичката кариера направи добро дело, побарај правда и слобода за осудените за 27 април

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев на крајот на својата политичка кариера да направи едно големо дело во интерес на Македонија и Македонците со тоа што ќе побара слобода и правда за неправедно осудените за 27 април.

Цела Македонија знае дека лицата за 27 април  се неправедно осудени со лажен исказ на сведок и фрлени во темните затворски зандани заради политички сценарија.

Според последното истражување во месец ноември 2021 повеќе од 60 проценти од граѓаните сметаат дека случајот 27 април е политички монтиран и дека треба да има повторно судење. Во истражувањето се вклучени и Македонци и Албанци и останати етнички заедници. Исто така, народните протести во април во подршка на неправедно осудените лица за 27 април покажаа дека народот масовно стои зад барањата за правда и слобода за овие лица.

Затоа, го повикуваме Заев да го слушне гласот на народот и да ги пушти овие воглавно млади луѓе кои се неопходни на својата татковина и на својот народ.

Устата на Зоран Заев е полна со простување, верба во Бог, христијански вредности и оттука очекуваме да го направи потребниот чекор за правда и слобода за осудените за 27 април.

Единствена Македонија ветува дека овој случај ќе има и второ полувреме бидејќи поседуваме докази дека лицата за 27 април се осудени во политички наместен случај.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 7 декември 2021 година