Единствена Македонија: Заев се согласи на меѓународна истрага за албанските Монструм, Алфа, Диво насеље, ајде сега истрага и за македонските Карпалак, Вејце и Љуботенски пат


06.12.2021 | 11:40:47 | Соопштенија


Единствена Македонија: Заев се согласи на меѓународна истрага за албанските Монструм, Алфа, Диво насеље, ајде сега истрага и за македонските Карпалак, Вејце и Љуботенски пат

Зоран Заев договори со Алтернатива меѓународна истрага за случаи за кои се заинтересирани Албанците како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу.

Единствена Македонија го повикува Заев да ги испита и случаите за кои е заинтересиран македонскиот народ, како што се Карпалак, Вејце, Љуботенски пат а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Ова од причина што овие случаи и натаму остануваат мистерија, бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце, Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.

Во Службата за државна безбедност постои оперативен документ во кој детално се опишани учесниците во терористичката акција кај Вејце и како терористичката група лоцирана го знаела движењето на бранителите и ги чекала во заседа во која беа убиени и масакрирани осум македонски бранители.

Во Службата за државна безбедност постојат и два оперативни документи од кој се гледа дека злостроството кај Карпалак можело да се избегне, доколку некој не пропуштил да преземе одредени службени дејствија што бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот. Сознанија имаше, а ништо не се презеде?!

Го охрабруваме Заев да ги отвори случаите Карпалак, Вејце, Љуботенски пат бидејќи овие случаи се од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите туку и за Македонија. Не можеме да гледаме напред во иднината доколку минатото и понатаму не прогонува и контроверзната загуба на бранителите останува неразјасната.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 6 декември 2021 година