Единствена Македонија: Награда од 30 денари за матичните лекари за вакциниран пациент е навреда и за пациентите и за лекарите


02.12.2021 | 10:38:59 | Соопштенија


Единствена Македонија: Награда од 30 денари за матичните лекари за вакциниран пациент е навреда и за пациентите и за лекарите

Власта продолжува со антинародни, нехумани и антицивилазициски присилни мерки за вакцинирање. Единствена Македонија со жалење гледа на најновата мерка на власта со која им ветува на матичните лекари по 30 денари од вакциниран пациент доколку имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти.

За Единствена Македонија оваа мерка е тешка навреда и за пациентите и за матичните лекари. Повикуваме лекарите да се спротистават на оваа мерка со која се руши достоинството на лекарската професија.

Доколку повеќе, лекарите немаат законско ниту човечко право да прават непристоен пазар со пациентите - убедување на пациенти за вакцинирање во замена за награда од 30 денари.

Единствена Македонија останува на својот став изнесен во јавноста уште со појавата на вакцините дека треба да се овозможи избор помеѓу повеќе видови вакцини, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец.

Вакцинирање против волјата на поединецот е тежок грев и злосторство врз народот и се коси со природните, божјите и човечките закони.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток 2 декември 2021 година