Единствена Македонија: Претседателот Бачев се сретна со носителите на 33 советнички листи во 33 општини на локалните избори - ова се заклучоците


28.11.2021 | 17:21:23 | Соопштенија


Единствена Македонија: Претседателот Бачев се сретна со носителите на 33 советнички листи во 33 општини на локалните избори - ова се заклучоците

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев денес во седиштето на партијата оствари средба со носителите на 33 советнички листи во 33 општини на локалните избори на која се дискутираше за самостојниот изборен настап. Иако партијата настапи само со советнички листи и имаше четврти резултат во т.н македонски блок, општ заклучок на средбата е дека има незадоволство од изборниот резултат и освоени 5.120 гласови за разлика од претходните два локални изборни циклуси во 2013 и 2017 кога партијата освојуваше околу 15.000 гласови и 11 советници.

Дотолку повеќе, Единствена Македонија е финансиски консолидирана и со најсилна партиска инфраструктура низ државата после ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Покрај одредени субјективни слабости, на средбата беа нотирани и објективни причини за остварување на подобар резултат.

На пример, партијата на локалните избори свесно направи саможртва со повлекувањето на веќе утврдените кандидати за градоначалник во 15 општини и подржувањето на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Не сакавме да правиме штета со изборот на градоначалници, бидејќи познато е дека градоначалниците се избираат според мнозинскиот систем и победува кандидатот кој што има и само еден глас повеќе од противникот. Затоа беше потребна опозициска сплотеност и единство за кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Ова од причина, Единствена Македонија пред изборите најави дека ова не се вообичаени локални избори и дека на 17 октомври треба да започне падот на марионетската влада која плива во безаконие, корупција, криминал, непотизам и национално предавство. И еве, после изборите доаѓа потврдата.

Понатаму, на изборите има преку 60.000 неважечки гласачки ливчиња а иннтересно е што од наши набљудувачи добивме податоци и информации дека на повеќе од 26.000 е заокружен борјот 19 под кој настапуваше Единствена Македонија. Поточно, на дури 26.066 неважечки гласачки ливчиња е заокружен бројот 19. Согласно Изборниот законик (член 22 став 7) поднесовме барање за увид во неважечките ливчиња, но, ДИК се плаши и спротивно на законот не го дозволува бараниот увид и нашето барање останува закочено во фиоките на ДИК.

Исто така, во предизборната кампања Единствена Македонија не го доби потребниот медиумски простор за пропаганда на своите кандидатски листи.

Како и да е, средбата беше во функција на наредната седница на Централниот комитет на Единствена Македонија како највисок одлучувачки орган на партијата меѓу два конгреса на која се расправа и се носат соодветните одлуки за изборниот настап.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела 28 ноември 2021 година

Мета