Единствена Македонија: Најдлабоко сочуство до семејствата што ги загубија своите најмили во автобуската несреќа


23.11.2021 | 11:38:43 | Соопштенија


Единствена Македонија: Најдлабоко сочуство до семејствата што ги загубија своите најмили во автобуската несреќа

Единствена Македонија изразува најдлабоко сочуство на семејствата на загинатите во трагедијата што се случи во Бугарија каде во пожар на македонски автобус загинаа 46 лица, претежно млади луѓе, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.

Единствена Македонија очекува од надлежните бугарски органи да спроведат ефикасна истрага за причините за несреќата и повикува на формирање на заеднички македонско-бугарски истражни тимови кои ќе дадат одговор на сите отворени прашања поврзани со страшната несреќа предизвикана од патнички автобус во близина на градот Перник.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 23 ноември 2021 година