Единствена Македонија: Тажно и опасно, денес Заев ја стави Армијата на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО


16.11.2021 | 13:51:12 | Соопштенија


Единствена Македонија: Тажно и опасно, денес Заев ја стави Армијата на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО

Денес е тажен и опасен ден во Република Македонија со потпишувањето на Декларацијата за целосно воено интегрирање на Македонија  во структурите на НАТО.

Со денешниот ден македонската војска се става на погрешна страна на историјата, бидејќи македонските војници ќе се користат како топовско месо а територијата на Македонија како НАТО-база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

Но, ако е за утеха, војниците на Армијата на Републка Македонија да бидат спокојни. Единствена Македонија ветува дека доколку ја добие довербата од народот ќе ја спречи оваа налудничава идеја и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели.

Зоран Заев го нарече историски денешниот ден. Но, го потсетуваме Заев дека насилното зачленување на Македонија во НАТО беше спротивно на референдумот од 30 септември 2018 со кој народот кажа дека не сака членство во НАТО и промена на името. Марионетската власт во Скопје купена и инсталирана од странски центар најгрубо ја погази референдумската волја на народот дека не сака во геноцидни организации кои бришат цел еден народ од светската мапа на нации.

Единствена Македонија ветува дека ќе ја придвижи Република Македонија кон меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 16 ноември 2021 година