Единствена Македонија: Тежок и срамен ден, киднапирањето на пратеник ја порази идејата за правна држава и парламентарна демократија


12.11.2021 | 14:09:39 | Соопштенија


Единствена Македонија: Тежок и срамен ден, киднапирањето на пратеник ја порази идејата за правна држава и парламентарна демократија

Вчера во Република Македонија беше тежок и срамен ден. Се случи тежок преседан со киднапирањето на пратеник со цел да биде оневозможен да гласа на собраниската седница за доверба на владата.

Вчерашниот немил настан со член на највисокиот законодавен орган во државата ја порази идејата за правна држава и парламентарна демократија. Но, овој настан се повеќе го разоткрива и антимакедонскиот заговор на марионетската власт и нејзините странски газди кој е опасна закана за македонските национални интереси.

Излезе на виделина дека марионетската власт во Скопје очајно се обидува по секоја цена да ја задржи својата власт која плива во безаконие, криминал, корупција и национално предавство.

Но, македонскиот народ и државјаните на Македонија можат да бидат спокојни од оправдана прична. Бродот на СДСМ и ДУИ тоне и повеќе му нема спас. Дали вчера или во догледно време факт е дека бродот на марионетската власт во Скопје тоне. Отанува обврската за новата народна власт која доаѓа да ја најде црната кутија од потонатиот брод и да ги расветли и расчисти националното предавство и грабежот на народнит имот правен од марионетската власт во заминување.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 12 ноември 2021 година