Единствена Македонија со фер понуда до Заев: По студениот туш од народот, повлечи се од договорите со Грција и Бугарија, врати ги украдените пари и побарај прошка од народот


06.11.2021 | 15:02:02 | Соопштенија


Единствена Македонија со фер понуда до Заев: По студениот туш од народот, повлечи се од договорите со Грција и Бугарија, врати ги украдените пари и побарај прошка од народот

Марионетската власт на Зоран Заев со тешкиот изборен пораз доживеа целосен дебакл на своите политики на внатрешен и надворешен план.

На внатрешен план власта на Заев плива во беззаконие, криминал, корупција и национално предавство. На надворешен план, народот не го прифати предавството на Заев со прифаќањето на непристоен пазар: датум за преговори за членство во замена за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, односно, бришење на се што е македонско за некое обично ветување дека во некоја иднина Македонија ќе стане членка на Унијата иако таквото ветување само по себе е незивесен факт, необврзувачка изјава, која, прашање е дали може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од триесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија и ќе опстане.

После силниот изборен шамар за Заев, како и фактот дека продолжувада ја води владата до изборот на нова влада, Единствена Македонија му нуди фер понуда на Заев во овој меѓупериод да се повлече од Договорите со Грција и Бугарија, да го врати натрупаното богатство со грабежот на народниот имот и да побара прошка од народот.

Ја користиме приликата да му препорачаме на Заев да прочита нешто и од Хенри Кисинџер остарената, некогашна ѕвезда на американската дипломатија, а подоцна еден од највлијателните аналитичари во светот за меѓународните односи. Еве што напиша Кисинџер за политичарите од типот на Заев кои само слушаат што ќе им речат странците: „Тие што слепо те слушаат и служат се толку глупави што ќе тргнат по кого било и по што било. Тие се глупави животни што имаат употребна вредност. Затоа, откако ќе ги употребиш, ослободи се од нив...“

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 06 ноември 2021 година