Бачев: Имаме информација дека од преку 60.000 неважечки ливчиња на повеќе од 26.000 е бројот 19, зошто ДИК се плаши и не го дозволува нашето законско барање за увид во неважечките ливчиња


26.10.2021 | 17:25:55 | Прес Конференции


Бачев: Имаме информација дека од преку 60.000 неважечки ливчиња на повеќе од 26.000 е бројот 19, зошто ДИК се плаши и не го дозволува нашето законско барање за увид во неважечките ливчиња

Прес конференција, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 26 октомври 2021 година

Почитувани, 

-„Смислата на едни демократски избори е да бидат целосно според изборната регулатива. Меѓутоа, денес на конкретен начин сакам да покажам дека од страна на Државната изборна комисија има флагратно кршење на Изборниот законик.

Пред пет дена до ДИК поднесовме барање за увид во гласачките неважечи ливчиња и тоа од едноставна причина, како што слушнавме во јавноста има преку 60.000 неважечки гласачки ливчиња а што е поинтересно, од нашите набљудувачи кои беа во изборните одбори добиваме податоци и информации дека на повеќе од 26.000 е заокружен борјот 19 под кој настапуваше Единствена Македонија. Поточно на 26.066 неважечки гласачки ливчиња е заокружен бројот 19.

Ова барање за увид има законска основа во членот 22 став 7 од Изборниот законик каде е јасно пропишано дека секој учесник во кампањата има право во секое време да побара и да изврши целосен увид во целосната документација во изборниот орган.

Поминаа пет дена, а од страна на ДИК целосен молк. Прашувам, зошто се плаши ДИК и не го дозволува бараниот увид кој е целосно во согласност со Изборниот законик. Ова е веќе практика на ДИК бидејќи истото се случи и на последните парламентарни избори со Единствена Македонија која настапуваше во коалицијата „Никогаш северна само Македонија“ и тогаш од ДИК се исплашија и не дозволија да се изврши бараниот увид, кој, како што спомнав има целосна основа во Изборниот законик.

За жал причините кои јавноста не ги гледа нам ни се совршено познати, бидејќи се прават по налог на странски центар кој што ја контролира марионетската власт во Скопје која е купена и контролирана од странски центар а во контекст на геополитичките влијанија во регионот и во Македонија.

Сакам да напоменам дека овојпат докрај ќе ја истераме оваа постапка и доколку ДИК во наредните денови не дозволи увид ќе поднесем тужба до соодветниот суд иако не очекуваме од судовите да пресудат спред законот. Меѓутоа, мораме да ја испочитуваме целосно домашната процедура и да се стекнеме со можност да поднесеме и барање до Меѓународниот суд во Стразбур.

Свесни сме дека не можеме да ги поништиме изборите и доколу биде позитивна одлуката на судот во Старзбур, но, тоа ќе биде голема сатисфакција за нас и голем срам за државата, бидејќи пошироко во меѓународни рамки ќе се види дека ДИК како најповикана да се грижи за законитоста на изборниот процес, всушност флагрантно го крши изборниот процес.

Затоа, денес уште еднаш ја повикувам ДИК да се одважи и да не се плаши, да го испочитува законот и да ни дозволи наредните денови да направиме увид на гласачките неважечки ливчиња“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 26 октовмри 2021 година