Единствена Македонија: Заев да го каже заканувачот врз Ванчо Ѓорѓиев и да ги објави записниците на македонско-бугарската комисија за да се види што е договарано зад сцената


24.10.2021 | 14:29:31 | Соопштенија


Единствена Македонија: Заев да го каже заканувачот врз Ванчо Ѓорѓиев и да ги објави записниците на македонско-бугарската комисија за да се види што е договарано зад сцената

Поминаа два дена од оставката на членот во македонско-бугарската комисија за ревизија на македонската историја, Ванчо Ѓорѓиев, а од страна на власта сеуште молк за лицето кое вршело политички притисок врз комисијата да прифати решенија спротивни на македонските национални интереси.

Наместо обелоденување и поведување на соодветна постапка против односното лице од власта, слушаме дека ова лице од власта дополнително му се заканил на Ѓорѓиев дека лично ќе му се одмазди.

Со оставката на Ѓорѓиев излезе на виделина дека во заднина се врши политички притисок во полза на бугарските барања за ревизија на македонската историја.

Единствена Македонија бара од Зоран Заев веднаш да го каже „заканувачот“ од власта врз Ѓорѓиев и да ги обелодени сите записници и протоколи од досегашнара работа на македонско-бугарската комисија за да јавноста види што се работело и договарало зад сцената.

Во изминатиот период со неверување гледаме колку барањата на членовите од бугарска страна во македонско-бугарската комисија стануваат се поагресивни, а од членовите во Комисијата од македонска страна молк и плашливост.

Очигледно во Комисијата од македонска страна има Македонци со изгубено национално чувство штом на тацна и ја подаруваат на Бугарија македонската историја со признавањето на Цар Самуил за бугарски цар и дека Св, Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква.

Единствена Македонија ги охрабруваме македонските историчари да не се плашат и да ја кажуваат вистината која базира на историски извори дека Бугарите имаат татарско-монголско потекло.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела 24 октомври 2021 година