Единствена Македонија: Свесна е нашата саможртва со повлекувањето на градоначалничките листи и подршката на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат битен е процесот а не поединечни партиски резултати


19.10.2021 | 13:58:34 | Соопштенија


Единствена Македонија: Свесна е нашата саможртва со повлекувањето на градоначалничките листи и подршката на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат битен е процесот а не поединечни партиски резултати

Единствена Македонија на локалните избори свесно направи саможртва со повлекувањето на веќе утврдените кандидати за градоначалник во 15 општини во интерес на националните и државните интереси.

 

Изборите на 17 октомври не беа вообичаени локални избори и не се исти со кои било други избори. Пред изборите најавивме дека на 17 октомври треба да започне падот на марионетската влада која плива во безаконие, корупција, криминал, непотизам и национално предавство. И еве, дојде потврдата. Отсега е јасно дека марионетската власт е поразена на локалните избори.

 

Затоа беше потребна опозициска сплотеност и единство за кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Единствена Македонија го слуша гласот на народот и го прифати повикот на ВМРО-ДПМНЕ за сплотено опозициско настапување за избор на градоначалници. Не сакавме да правиме штета со изборот на градоначалници, бидејќи познато е дека градоначалниците се избираат според мнозинскиот систем и победува кандидатот кој што има и само еден глас повеќе од противникот.

 

Единствена Македонија секогаш ги игнорира личните и партиските интереси. Секогаш на прво место е Републиката. За секој што се води од ваквите определби, овојпат треба да му е битен процесот - паѓање на марионетската власт во Скопје, а не поединечните партиски резултати.

 

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси, прифаќајќи ја сопствената одговорност пред македонскиот народ која се подразбира за една сериозна партија, ја направи свесно потребната саможртва со одлуката за повлекување на градоначалничките листи и подршката на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Простата причина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа. Оттука, што може да се очекува од една партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси? 

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 19 октомври 2021 година