Бачев: Нашата советничка листа со чесни кадри е најдобрата понуда за Битола за да ја спречиме 30 годишната пљачка на општините


15.10.2021 | 12:41:38 | Прес Конференции


Бачев: Нашата советничка листа со чесни кадри е најдобрата понуда за Битола за да ја спречиме 30 годишната пљачка на општините

Караванот на Единствена Македонија „Сега имате избор“ ја промовираше советничката листа и носителот на листата за Битола од Единствена Македонија, Мирјана Мирчевски и советничката листа и носителот на листа за Новаци од Единствена Македонија, Слободан Митровски.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:

-“ Денеска на три дена до изборите сме во Битола да ја промовираме советничката листа на Единствена Македонија и носителката на листата Мирјана Мирчевски. На многубројни средби со битолчаните ги изложуваме нашите програмски точки и принципи на кои што се обврзуваат советниците од Единствена Македонија. 

 

Ние како Единствена Македонија настапуваме во 33 општини со 33 советнички листи и можам да речам дека имаме многу квалитетни листи бидејќи нашиот главен адут на овие избори е да настапиме со чесни и честити кадри со кои ја бараме довербата на овие локални избори.

 

Локалната самоуправа не е спорно дека треба да создава услови за подобар живот на граѓаните, ние сме на едно милење дека тука нема некоја филозофија, може општината во секое време да се направи  добро место за живеење, потребно е само чесни и честити кадри кои што се најголем адут на овие избори. 

 

Мора опшштините да ги вратиме на граѓаните, а не општините да бидат испостава на власта за непрофитабилно трошење на општинските пари. Ние мора да ја поразиме мариоентската власта и така да почне конечниот пад на оваа ненародна власт која не ја ужива довербата на народот.

Ги повикувам битолчани да ја дадат довербата на листите на кандидати на Единствена Македонија кои што се под број 19. Се разбира битолчани како и на други места во Македнија ќе се прашате зошто баш за Единствена Македонија. Нашиот одговор е многу едноставен, вие  почитувани битолчнаи на овие избори носите една од најважните одлуки со која го дефинирате вашето живеење во наредните четири години.

Ги повикувам битолчани:  овојпат гласајте за себе, за сопствените интереси, гласајте за доброто на Битола, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за листата на советници од Единствена Македонија “.

Носителката на советничката листа Мирјан Мирчевски со повик до битолчани: Ве повикувам во недела, 17 октомври да гласате за листата на советници на Единствена Македонија. Заокружете го бројот 19.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Битола, Новаци, 14 Октомври 2021 година

ТВ 24

ТВ Канал 5

ТВ Тера

Грид

Тајм

Вести