Бачев во Прилеп очи во очи со прилепчани се завети пред природата, господ, македонскиот народ и државјаните на Македонија на чесно и домаќинско работење


13.10.2021 | 19:57:00 | Прес Конференции


Бачев во Прилеп очи во очи со прилепчани се завети пред природата, господ, македонскиот народ и државјаните на Македонија на чесно и домаќинско работење

Караванот на Единствена Македонија „Сега имте избор“ ја промовираше советничката листа и носителот на листата за Прилеп од Единствена Македонија, Милан Јовчески.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:

 

„- Денес во револуционерно Прилеп ја промовираме советничката листа и носителот на листата Милан Јовчески од Единствена Македонија. Ова што го видов денес во Прилеп, можам слободно да кажам дека прилепчани масовно ги прифаќаат програмските определби и принципи за кои што ќе се залагаат советниците од Единствена Македонија.

 

Денес во Прилеп, „очи во очи“ со прилепчани се заветив пред природата, господ, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија на чесно, одговорно и домаќинско работење од страна на советниците на Прилеп.

Мора да си ги вратиме општините назад, но, за тоа треба чесни политичари. И тука е нашиот најсилен адут - ја бараме вашата доверба со чесни и честити кандидати кои што се обврзуваат на одговорно работење.

После е лесно да ги решаваме реалните проблеми на народот. Впрочем, тука е буништето, од општината почнува се, од тука почнува животот на граѓаните, после е лесно да се средат работитен и на централно ниво.

Затоа, почитувани прилепчани, овојпат гласајте за себе, за сопствените интереси, гласајте за доброто на Прилеп, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за листата на советници од Единствена Македонија “ - потенцираше Бачев.

На настанот зборуваше и Координаторот на прилепско-битолксиот регион на Единствена Македонија и носител на советничката листа, Милан Јовчески, кој рече дека со чесност, правда, патриотизам и ука за македонски Прилеп. Да заокружиме сите заедно број 19. За единствена Макеоднија да бидеме единствени - истакна Јовчесески.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Прилеп, 13 октомври 2021 година

ТВ 24

ТВ Канал 5

Тајм

Грид

Вести