Бачев од Велес: Ова не се вообичаени избори, на 17 октомври паѓа марионетската власт, го отвораме патот за парламентарни избори и конечен крај на оваа ненародна власт


13.10.2021 | 09:43:32 | Прес Конференции


Бачев од Велес: Ова не се вообичаени избори, на 17 октомври паѓа марионетската власт, го отвораме патот за парламентарни избори и конечен крај на оваа ненародна власт

Караванот „Сега имaте избор“ ја промовираше советничката листа и носителката на листата за Велес од Единствена Македонија, Елизабета Костова - Бочварова.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:

 

„- Мора да си ја вратиме општината назад на граѓаните,  а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Науката ги измислила механизмите како се гради современа и убава општина за живеење.

Потребни се само чесни и честити народни претставници. Токму тоа е нашиот најсилен квалитет - ја бараме довербата со чесни и честити кандидати.

Не ни недоставува знаење, туку желба за чесно, домаќинско и одговорно работење, на што се обврзуваат идните советници од Единствена Македонија.

Ова не се вообиќаени локлани избори. На 17-ти Октомври паѓа марионестката влада и го отвораме патот за парламентарни избори и конечен крај на оваа ненародна власт.

Овојпат гласајте за себе, за сопствените интереси, гласајте за доброто на Неготино, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за листата на советници од Единствена Македонија “ - потенцираше Бачев.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Велес, вторник, 12 октомври 2021 година

МИА

Грид

Тајм