Единствена Македонија: Марионетата Спасовски е уплашен штом полицијата спречи 39 партии и здруженија да потпишат Декларација за непризнавање на пописот


11.10.2021 | 15:17:49 | Соопштенија


Единствена Македонија: Марионетата Спасовски е уплашен штом полицијата спречи 39 партии и здруженија да потпишат Декларација за непризнавање на пописот

Единствена Македонија најостро го осудува денешното брутално полициско постапување со кое беше спречено потпишувањето на Декларацијата за непризнавање на пописот 2021 година.

Настанот беше уредно најавен за 13:00 часот во Паркот спроти Собранието каде требаше 39 субјекти - политички партии и македонски здруженија од земјата и странство да потпишат Декларација за непризнавање на фалсификуваниот попис. Но, на општо изненадување, на два часа прад настанот силни  униформирани и цивилни  полициски сили од околу педесетина припадници на МВР го растурија настанот со отстранувањето на шаторот, столиците, масите...

За Единствена Македонија како еден од учесниците на настанот ова покажува дека министерот во МВР, марионетата Спасовски е уплашен човек штом пушта полиција против народот на мирен настан од исклучително значење за Македонците  кои не го признават фалсификуваниот попис 2021 година, со кој дефинитино се губи темелот на државноста.

Колку и да се закануваат и употребуваат сила, Декларацијата за непризнавање на пописот во скоро време ќе се потпише.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 11 Октовмри 2021 година