Бачев од Кратово: Општините на граѓаните а не испостави на власта за пљачка на народот. Сега имате избор, број 19


10.10.2021 | 13:38:29 | Соопштенија


Бачев од Кратово: Општините на граѓаните а не испостави на власта за пљачка на народот. Сега имате избор, број 19

Единствена Македонија во Кратово со културно-уметничка програма во изведба на Кратовските тамбураши, во Домот на културата „Лазар Софијанов“ ја промовираше советничката листа и носителката на Листата за Кратово Стојна Димитровска - БООТХ.

Носителката на листата Стојна Димитровска детално ги запозна присутните со конкретните програмски точки и принципи за кои ќе се залагаат советниците од Единствена Македонија во Советот на Кратово доколку ја добијат довербата од кратовчани на локалните избори на 17 октомври.

Претседателот Бачев зборуваше за локалните избори од аспект на нивното локално значење како и од аспект на поширокото државно значење.

Од локален аспект Бачев истакна дека кандидатите за советници од Единствена Македонија имаат визија за општините. Единствена Македонија на локалните избори настапува самостојно со 33 советнички листи во 33 општини под слоганот „Сега имате избор“. Треба да си ја вратиме општината назад на граѓаните а после е лесно да ги решаваме локалните проблеми на народот. Науката се погрижила да ги изнајде механизмите како се гради убава општина за живеење. Треба само чесни политичари и токму тоа е најсилнот адут на Единствена Македонија. Ја бара довербата со чесни и честити кандидати за општина на граѓаните а не испостава на власта за пљачкање на народот.

Од аспект на поширокото држано значење Бачев истакна дека ова не се вообичаени локални избори. На 17 октомври паѓа марионетската власт која брише се што е македонско со што го отвораме патот за парламентарни избори и конечен крај на оваа ненародна власт која плива во беззаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство.

Бачев со апел до кратовчани, овојпат гласајте за себе, гласајте за сопствените интереси, гласајте за доброто на Кратово, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за листата на советници од Единствена Македонија.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Кратово, петок, 8 октомври 2021 година

МИА

Канал 5

Тајм

Грид