Единствена Македонија: Кој лаже за Избирачкиот список во 2016 и во 2021 година, Зоран или Заев?


26.09.2021 | 14:27:01 | Соопштенија


Единствена Македонија: Кој лаже за Избирачкиот список во 2016 и во 2021 година, Зоран или Заев?

Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список и на локалните избори  ќе гласат 1.824.864 гласачи. Горе - долу толкава беше бројката на вкупно запишани избирачи на Избирачкиот список и во 2016 година кога после тогашните парламентарни избори во декември 2016 беше инсталирана марионетска влада во Скопје која не ја ужива довербата на народот.

Но, тогаш во 2016 година очајно изгледаше предизборното лицитирање со бројки од страна на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој, секојдевно лажеше дека во Македонија имало 500.000 фантомски гласачи, па 450.000 фантоми, па 300.000 фантоми.

Сега пак, за локалните избори во 2021 година, за Зоран Заев избирачкиот список е одличен и нема фантомски гласачи иако и во 2016 и сега во 2021 година бројот на запишани избирачи е околу 1.800.000 гласачи.

Затоа, Единствена Македонија прашува, кој лаже за Избирачкиот спиок во 2016 и 2021 година, Зоран или Заев?

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 26 септември 2021 година