Единствена Македонија и честита на Единствена Русија за големата победа на изборите


22.09.2021 | 11:03:19 | Соопштенија


Единствена Македонија и честита на Единствена Русија за големата победа на изборите

Драги наши пријатели од Единствена Русија, примете ги искрените честитки за големата изборна победа на Единствена Русија со освоени 49,82 отсто од гласовите.

Изборната победа на Единствена Русија е чиста и чесна иако марионетите на „ѕверот“ во Македонија прават очајнички обиди да ги прикажат изборите во Русија како недемократски а во услови кога конкуренцијата беше многу голема со голем број на учесници и во голем број изборни единици се водеше битка за секој глас.

Големата изборна победа на Единствена Русија се должи на народната изборна програма со која партијата настапи на изборите и во која беа содржани клучните насоки за развој обелоденети во обраќањето на претседателот на Русија Владимир Путин. Сето ова даде резултати дури и во т.н. тешки региони за Единствена Русија како на пример Хабаровскиот, Амурскиот и некои други каде партијата по „поправањето на грешките“ на овие избори ги освои овие изборни единици.

Ја користиме приликата да се заблагодариме на подршката на Единствена Русија не го доведува во прашање името, идентитетот, историјата, традицијата, јазикот, културата, територијален интегритет, суверенитет и унитарност на Република Македонија.

Единствена Македонија ве уверува дека македонскиот народ, како докажен пријател и партнер на Вашата голема нација со која споделуваме заеднички вредности втемелени на традиционализмот, ќе продолжи да ги подржува напорите на Единствена Русија како државотворна партија за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за национален и религиски идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достинство во светот.

Со желби за наша натамошна успешна соработка, Ви ги упатуваме изразите на нашето најголемо почитување.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 22 септември 2021 година