Единствена Македонија: Бугарија да се извини на повеќе од 100.000 Македонци кои ги условувала лажно да се изјаснуваат за Бугари во замена за бугарски пасош


19.09.2021 | 12:33:48 | Соопштенија


Единствена Македонија: Бугарија да се извини на повеќе од 100.000 Македонци кои ги условувала лажно да се изјаснуваат за Бугари во замена за бугарски пасош

Единствена Македонија силно ја поздравува Иницијативата во Бугарија за одземање на бугарските пасоши на преку 100.000 Македонци откако поранешен бугарски дипломат во САД обелодени дека на пописот во Македонија само 72 жители се изјасниле како Бугари.

Но, истовремено, Единствена Македонија изразува шокираност и неверување од информацијата дека преку 100.000 Македонци биле условувани од страна на бугарските огани да заверат изјави на нотар дека имаат бугарско потекло и бугарско национално сознание во замена за бугарски пасош. Ваквото нешто е недозволиво во демократска Бугарија како земја членка на ЕУ и се коси со сите меѓународни документи за човековите права бидејќи националната определеба е од строго лична и приватна природа.

Затоа, Единствена Македонија бара извинување од бугарската држава кон повеќе од 100.000 Македонци  кои биле условувани лажно да ја декларираат својата национална определба за да добиваат бугарски пасоши.

Попишувањето на 72 бугари на пописот во Македонија всушност го потврдува она што низ годините го кажува Единствена Македонија дека проблемот со Бугарија не се Бугарите кои се горди на своето монголско-татарско потекло туку македонските јаничари во Бугарија и Македонија кои не издржале во историјата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 18 септември 2021 година