Бачев: Одиме самостојно со советнички листи во 37 општини, листите за градоначалници ги повлекуваме - еве зошто


12.09.2021 | 16:38:10 | Прес Конференции


Бачев: Одиме самостојно со советнички листи во 37 општини, листите за градоначалници ги повлекуваме - еве зошто

Прес конференција, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, недела, 12 септември 2021 година

 Единствена Македонијаденес одржа прес конференција во врска со локалните избори.

Почитувани присутни,

Пред нас се уште едни локални избори на 17 октомври. Веднаш да кажам дека Единствена Македонија ќе настапи самостојно со 37 Листи на кандидати за советници на кои има повеќе од 600 кандидати за членови на совет во 37 општини.

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси, прифаќајќи ја притоа сопствената одговорност пред македонскиот народ која се подразбира за една сериозна партија, ја прифативме одлуката за самостоен настап на изборите.

Ова не се воообичаени локални избори како во сите нормални држави. На 17 октомври започнува падот на марионетската власт која плива во безаконие, корупција, криминал, непотизам и национално предавство, бидејќи со поразот на власта на локалните избори го отвораме патот за парламентарни избори и конечен  крај на оваа ненародна власт која не ја ужива довербата на народот.

Мора да си ја вратиме државата назад и на локално и на централно ниво,  а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Економската наука ги измислила механизмите како се прави богата држава со добар стандард. Потребни се само чесни политичари. Токму тоа е нашиот најсилен квалитет - ја бараме довербата со чесни кандидати, а нашите листи за советници се посакувана комбинација на големо искуство и младоста кои имаат народна визија во интерес за општините.               

Почитувани,

Истовремено, сакам да соопштам дека органите на партијата донесоа одлука за повлекување на веќе утврдените кандидати за градоначалник во 15 општини. Синоќа,  кога истече крајниот рок, Единствена Македонија не ги поднесе утврдените кандидатски листи за градоначалници.

Во изминатите 60 дена по анализите и внатрепартискиот избор утврдивме 15 амбициозни луѓе како кандидати за градоначалник на Единствена Македонија. Но, во актуелните околности кои ги прават овие избори да не се исти со кои било други избори, Единствена Македонија нема да учествува и со градоначалнички листи.

Единствена Македонија го слуша гласот на народот за сплотеност и го прифати повикот на ВМРО-ДПМНЕ да се подржат нивните кандидати за градоначалници.

Не сакаме да правиме штета со изборот на градоначалници, бидејќи познато е дека градоначалниците се избираат според мнозинскиот систем и победува кандидатот кој што има и само еден глас повеќе од противникот. Затоа е потребна опозициска сплотеност и единство за избор на градоначалници. 

Единствена Македонија со ВМРО-ДПМНЕ и јас лично со Христијан Мицкоски можеме да имаме милиони причини, наметнати, политички и економски, реални и ирационални за меѓусебни делби и поделби, можеме да имаме различни надворешно-политички определби. Но, сега оставаме се на страна. Имаме повисока цел - пораз на марионетата Заев. Една, единствена мисла е заедничка за сите нас - Љубовта кон Македонија!

Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање на сите наши сегашни проблеми и отвараме простор за иднината на нашите деца, на нашите семејства, на нашата единствена татковина Македонија.

Не е спорно дека и со кандидатски листи за  градоначалници, Единствена Македонија по завршувањето на изборите ќе имаше многу повеќе гласови во вкупниот збир на освоени гласови. А интерес на Единствена Македонија и мој интерес како претседател на партијата е да освоиме што повеќе гласови на изборите.                  

Но, во овој тежок момент за Републиката, со марионетска власт инсталирана и купена од странски центар, Единствена Македонија и јас лично секогаш ги игнорираме личните и партиските интереси. Секогаш на прво место е Републиката.

Беше тешко да ја смениме одлуката и да ги повлечеме нашите веќе утврдени кандидати за градоначалници. Водевме долги дискусии во партијата, тоа ни беше потребно и за партијата и за Македонија.

Но, Република Македонија не ми припаѓа на мене. Јас сум претседател на Единствена Македонија, но, не смеам да мислам само на партиските интереси и да гледам какви се моите ставови и ставовите на партијата.

Овие избори не се битка за поединци и лидери. Затоа, не е важно што мислам јас, не е важно што мисли и Христијан Мицкоски.

Македонија е најважна!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 12 септември 2021 година

Медиуми:

ТВ Алфа (13м.10с. до 14м.18с)

Курир

Нетпрес

Република

Инфомакс

Весник

Прес 24

Вечер

Утрински весник

Макфакс

Мнет

Вечер прес

Локално

Инфо

Весник

Лидер

Нова Македонија

24 Инфо

МТМ

Фактор

Грид

Тајм

Дејли

Вести