Божиноски до Брнс: Антидемократскиот и криминален попис ја понижува идејата за демократија


09.09.2021 | 14:27:39 | Пописи


Божиноски до Брнс: Антидемократскиот и криминален попис ја понижува идејата за демократија

Национален Блок „Не отворам врата“
Вангел Божиноски, претседател на Македонска преродба
Скопје, четврток, 09 септември 2021 година

Во името на Националниот Блок „Не отворам врата“, Вангел Божиноски претседател на Македонска преродба, на денешната прес конференција, четврток, 09 септември 2021 година истакна:

Почитувана амбасадорке на САД во Скопје,

Госпоѓице Кејт Брнс,

Мислам дека уште на почетокот го чувствувате нашетодлабоко почитување за се што досега сте помогнале на Македонија и намакедонскиот народ како проверен стратешки партнер каков до сега сме немале во поновата историја на Македонија.

Би можеле да одиме и во поединости, но мораме да сме скромни и во благодарноста затоа што можно е овој наш настап да доживее медиумска интерпретација која ќе ја дефокусира нашата цел преку негативно спинување, а тоа сакаме на секој начин да го превенираме.

Почитувана амбасаорке Кејт Брнс,

Вие што светите од возвишението на ридот на славната река Вардар како вечната светлина на демократијата што свети пред влезот во Њујорк и стоите на највисокиот браник на светската демократија, сметаме дека е апсолутно наша обврска да ви обрнеме внимание дека овде-сега пред вашиот образ се одвива еден уникатен, еклатантен, срамен антидемократски чин кој не само што се одвива, туку формално правно ја понижува светската идеја за демократија заменувајки ја за пазар меѓу две партии на власт. А станува збор за документ од највисока стратешка важност, документ кој го чекаме повеќе од 25 години !!!

Реален попис во Македонија реално не е направен од 1991 година.

Сите го очекуваме и сите ја пратиме целата операција и методологија.....и кога со такви очекувања ќе ја видите процедурата останувате шокирани од криминалниот документ кој во своите завршни одредби соопштува дека пописот ќе биде валиден само ако двајца послушници од партиите на власт ДУИ и СДСМ се усогласат околу бројките.

Дури и претседателот на државата ги смирува претставниците на ДУИ дека,“да не се секираат и дека сигурно ќе бидат 28%“.....

Почитувана амбасадорке Брнз,

Ова е само врвот на ледениот брег за комедијата именувана попис и не сакаме да ве замараме со многу поединости за кои не може, а да не сте информирани од нашите досегашни пресови.

Оваа, денешна конференција  ја сметаме за наша демократска света обврска и должност да ви ја упатиме вам како демократски лидер и гардијан.

Ве поздравувам со заедничкиот слоган со кој ја извојувавме втората светска војна:

Смрт на фашизмот, слобода на народот!

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, четврток, 09 септември 2021 година