Талевски: Директорот на Заводот за статистика призна дека пописот ќе биде фалсификуван


07.09.2021 | 13:48:31 | Пописи


Талевски: Директорот на Заводот за статистика призна дека пописот ќе биде фалсификуван

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
Милан Талевски, престедател на Унија на ветерани на ВМРО 1990
Скопје, вторник, 07 септември 2021 година

Во името на Националниот Блок „Не отворам врата“, Милан Талевски претседател на Унијата на ветерани на ВМРО 1990, на денешната прес конференција истакна:

Почитувани,

Националниот Блок „Не отворам врата“ уште при неговото создавање на 21 февруари годинава обзнани дека една од стратешките цели е борбата против фалсификување на пописот.

Во изминатите два дена, на прес конфереција и во неколку изјави за јвноста, директорот на Државниот завод за статистика го потврди нашиот сомнеж за фалсификување на пописот.

Имено, директорот на Заводот за статистика потенцира дека резултатите од пописот ќе се знаат до крајот на годината, најдоцна до јануари 2022 година. Тоа значи дека по завршувањето на пописот на 30 септември, резултатите ќе ги знаеме најкасно за три месеци.

Со ова, директорот на Заводот за статистика несвесно призна дека пописниот резултат веќе се знае и пописните проценти се однапред договорени. Потсвеста е чудна работа!

Од каде го црпиме ваквиот заклучок?

Последниот попис во Република Македонија се спроведе во 2002 година. Започна на 1 ноември и траеше до 15 ноември 2002 година. Пописните резултати се објавија на 1 декември 2003 година. После 12 месеци по одржувањето на пописот.

Оттука, логичното прашање, како е можно, горе-доле при иста бројка на жители од околу 1.800.000, во 2002 година да биле потребни 12 месеци за објавувањето на резултатите а сега се потребни само три месеци да се објават резултатите.

Излегува на виделина дека не случајно во законот за попис (член 17 став 3) е определено да постои т.н. врзан потпис на директорот на Заводот за статистика кој е од СДСМ и неговиот заменик кој е од ДУИ. Доколку и двајцата не стават потпис, тогаш пописот не важи. Значи јасно е дека пописот е договорен и мора да има потпис и од СДСМ и од ДУИ.

Правната служба на Националниот Блок „Не отворам врата“ направи увид во законите за попис на земјите членки на ЕУ и пошироко и дојде до заклучок дека вакво решение на т.н. врзан потпис нема во ниту еден закон за попис на државите - членка на ЕУ и пошироко. Исто така,  и кај времето за резултатите од пописот е околу една година.

Затоа, Македонци и Македонки, државјани на Република Македонија, не отворајте врата, не се попишувајте и не се плашите од казни бидејќи власта лаже, нема казни.

Но, доколку било кој има некој прболем, Националниот Блок „Не отворам врата“ повикува да дојде кај нас и нашата правна служба обезбедува бесплатна правна помош.

Не отворајте врата, ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, вторник, 07 септември 2021 година