Божиноски: Исправени сме пред неофашизам, единствен одговор е македонско национално единство


05.09.2021 | 17:29:57 | Пописи


Божиноски: Исправени сме пред неофашизам, единствен одговор е македонско национално единство

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
Вангел Божиноски, претседател на „Македонска Преродба“
Скопје, недела, 05 септември 2021 година

На денешната прес конференција, недела, 5 септември 20201, претседателот на Македонска Преродба, Ванглед Божиноски, во име на Националниот Блок „Не отоврам врата“ рече:

Почитувани

Денешната конференција која има намера да ја соопшти вистината пред сопствениот народ ќе ја започнеме со историската вистина позната како дефиниција за некадарна власт. Таа гласи вака: Доколку се појави власт која панично се плаши од минатото на сопствениот народ и во текот на практикувањето на власта троши енормно количество на омраза спрема херојството на древните омаловажувајќи ги сите жртви и успеси, тогаш таа власт се срами од своето лично минато и го препокрива со пропагадна машина на контролираните медиуми секогаш служејќи се со познатата заблуда: заборавете го минатото - напред кон посветла иднина.

Но, од минатото не се бега, дури и да си славна историја како гордиот Албион. Во тринаесеттиот век според еден редок документ од арапски извори постои едден владетел, крал кој доколку сум го дешифрирал исправно се вика ЗОДАН безземјаш. Неговото владеење е неуспех до неуспех и за да стаса до успех решава да испрати делегација до муслиманскиот калиф во Мароко нудејки му цела Британија да постане муслиманска и тој со смејството да премине во ислам во замена за воена поддршка и обезбедување на неговата власт над острвото. Епилогот е интересен во оваа сегашност.

Калифот возвраќа веднаш со зборовите: „Досега не сум чул ни прочитал дека еден владетел на богата и просперитетна земја си ја продава религијата според која е крстен, и ја заменува освоената слобода на својот народ за ропство, а среќата ја заменува за мизерија само за да остане на власт. Таква личност е подолу од ништо и јас не сакам да преговарам со такво суштество“. Зодан безземјаш умира наскоро од дезинтерија. Толку за да разбереме дека од минатото не се бега. Вториот дел од нашето обраќање до Вас почитувани се однесува за енормните киловат часови поарчени на критика до ЕУ како ветува, а не исполнува и како нашата власт здушно работи а они ништо не испуњаваат, а како нашата власт се испунила.

Почитувани документот кој е испорачан од Државниот завод за статистика и се промовира како европски стандард е токму предобар пример со кој власта сака да представи функционален попис како најважен документ за планирање на развој, а во суштина станува збор за најкорумпиран документ во историјата на Европа. Сетете се:  Сите забелешки досега поврзани со некадарноста на оваа власт заслужи место во ЕУ се сведуваат на две:

1.Корупција во власта

2. Контролирани медиуми.

И тоа најјасно го гледаме во оваа небаре методологија. Според неа буквално сето македонско минато е сместено под новокомпонирано име северна што претставува кривотворење на историски факти, а тоа е кривично дело. Понатаму, методологијата ветува прецизни податоци за на крај да признае дека се што ке се собере од терен на крај се сведува на пазар помеѓу двајца од ДУИ и од СДСМ!?  И трето компјутерската обработка е дадена на странска земја со што се понижува проверениот рејтинг на македонските компании на ова поле кој и денес стои високо на пазарот.

Чаре?

Блокот „Не отворам врата“ единствен на политичката сцена се спротивставува  на овој криминал и ви нуди правна заштита доколку власта посегне по насилство.

Долги години сме исправени пред неофашизам и еденствен одговор е Македонско национално единство.

СМРТ НА ФАШИЗМОТ!    СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, недела, 05 септември 20201 година