Бачев до Заев: Нашата сила е во народот, ни јас ни народот нема да ти дозволиме фалсификуван и живото - загрозувачки попис


04.09.2021 | 14:32:21 | Пописи


Бачев до Заев: Нашата сила е во народот, ни јас ни народот нема да ти дозволиме фалсификуван и живото - загрозувачки попис

Обраќање, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев престедател на Единствена Македонија
Скопје, сабота 4 септември 2021 година

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во пресрeт на утрешното започнување на пописот се обрати до Зоран Заев:

-“Изминатите денови гледаме изблици на агресија на лаги од страна на марионетската власт на Зоран Заев во Скопје.

Додека неговите луѓе особено директорот на Државниот завод за статистика и министерот за правда секој ден шират лаги за казни за луѓето кои нема да се попишуваат, тој во јавноста како што сме навикнале да гледаме, ладнокрвно како и во друга прилика повикува на историско значење на пописот иако однапред веќе ги има договорено процентите од пописот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на штета на македонскиот народ и македонската држава.

И така изминатите денови го гледаме овој човек кој е познат по тоа дека во две различни реченици знае да каже две спротиставени работи, да повика на конструктивно во првата реченица за пописот како неопходна статистичка операција, а веќе во втората реченица онака спонтано и лефтерно да лаже дека пописот е по стандардите на ЕВРОСТАТ иако нашиот закон за попис не е усогласен со европските стандарди и документите на Обединетите нации во оваа област, односно нашиот закон за попис е напишан така да овозможи фалсификуван и живото-загрозувачки попис.

Сакам да му се обратам: додека стојам нема да ти го дозволам и признам тоа. Ни јас ни Народот! И самиот си свесен дека народот сака попис на кој реално и вистински, а не лажо и фалсификаторски ќе се преброи населението.

Исто така, заканата на власта со казни е најобично блефирање, бидејќи, прво, лажат за казна затвор оти никаде, според ниеден закон во Македонија непопишувањето не е предвидено како кривично дело, и второ, заканите со прекршочните казни од 200 евра не важат, односно не се применливи според Законот за прекршоци бидејќи се работи за ситуации под олеснителни околности предвидено со Уставот.

Затоа, Македонци и Македонки, државјани на Република Македонија не отворајте врата, не се попишувајте и не се плашите од казни бидејќи власта лаже, нема казни.

Заедно со македонскиот народ ќе победиме во битката против фалсификуваниот попис поради нескршливиот аргумент: Македонците не сакаат да учествуваат на фалсификуван попис со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота 4 септември 2021 година