Бачев до Заев: Може да се заканувате и со сто години затвор, народот не ви се плаши, не отвораме врата


03.09.2021 | 17:37:45 | Пописи


Бачев до Заев: Може да се заканувате и со сто години затвор, народот не ви се плаши, не отвораме врата

Прес конференција, Национален Блок “Не отворам врата“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, петок, 3 септември 2021 година

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во името на Националниот Блок „Не отворам врата“ на денешната прес конференција, петок, 3 септември 2021 година истакна:

Почитувани,

Со денови наназад марионетата Заев и неговиот потрчко - директорот на Заводот за статистика бесрамно лажат дека постојат законски казни за секој што нема да се попише.

Заканата на власта со казни е најобично блефирање, бидејќи, прво, лажат за казна затвор оти никаде, според ниеден закон во Македонија непопишувањето не е предвидено како кривично дело, и второ, заканите со прекршочните казни од 200 евра не важат, односно не се применливи според Законот за прекршоци бидејќи се работи за ситуации под олеснителни околности предвидено со Уставот.

 

Имено, граѓанинот има уставна обврска да се грижи за сопственото здравје и здравјето на другите. Светската здравствена организација на 11 март 2020 прогласи глобална пандемија на болеста КОВИД - 19 предизвикана од коронавирусот САРС-КоВ-2 а кое нешто Република Македонија како членка на СЗО е во обврска да го почитува. Во Македонија е прогласена кризна состојба заради заштита на јавното здравје, односно, справување со кризна состојба која претставува ризик по здравјето и животите на луѓето. Во услови на пандемија посетата на попишувачи кои посетуваат бројни домови од својот пописен реон кој опфаќа повеќе општини (во државата има 80 општини а според законот има 50 пописни реони) е директна закана по здравјето земајќи предвид дека општо познато е како се пренесува вирусот. Затоа парична санкцијна за не отворање врата и одбивање средби во домовите заради заштита на сопственото здравје не може да постои бидејќи е во спротвност со уставната обврска за заштита на здравјето.

За секој случај, Националниот Блок „Не отворам врата“ како одговорен субјект има ангажирано повеќе од 50 стручни лица кои во секое време можат да ги заштитат граѓаните од лагите на власта дека божем постоеле казни за непопишување.

Ваквото однесување на власта покажува дека дека тие се крајно исплашени, дека се конфузни, дека се во хаос, затоа што сфаќаат дека фалсификуваниот попис не им проаѓа, и покрај сето нивно силење со казни, и покрај агресијата што ја демонстрираат, тоа се само ситни души инсталирани и купени од странски центар кои тргнаа против сопствениот народ и сопствената држава и ништо повеќе од тоа.

Тие знаат дека се прочитани. Но мораат да се храбрат, па така ги слушаме блефираат со казни и ние демек од тоа треба да се уплашиме и да прифатиме фалсификуван и попис со кој нашата Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста. Ние знаеме што правите и за кого и за чии интереси работите. Може да се заканувате и со сто години затвор, народот не ви се плаши, не отвораме врата, народот ве прочита и ова не ви поминува. Македонија знае да ја препознае разликата меѓу нас и вас и да види што правите.

Тие се свесни дека пописот нема да успее, народот масовно го прифаќа повикот на Националниот Блок „Не отворам врата“ да не се попишува и во очајнички обид власта води пропаганда за заплашување со казна затвор и прекршочни казни од 200 евра.

Затоа, Македонци и Македонки, државјани на Република Македонија не отворајте врата, не се попишувајте и не се плашите од казни бидејќи власта лаже, нема казни.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

Националниот Блок „Не отоврам врата“ заедно со македонскиот народ ќе победи во битката против пописот поради нескршливиот аргумент: Македонците не сакаат да учествуваат на попис со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, петок, 03 септември 2021 година

Опсервер

ТВ 24

">ТВ 24 јутуб

Алсат ТВ

Тајм

Грид

Вести