Камиловски повика на формирање на експертска влада составена од академици од МАНУ


02.09.2021 | 17:19:53 | Пописи


Камиловски повика на формирање на експертска влада составена од академици од МАНУ

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
Маријан Камиловски, претседател на „Десница“
Скопје, четврток, 2 септември 2021 година

Во име на Националниот Блок „Не отворам врата“ Маријан Камиловски, денес, четврток, 2 септември 2021 година имаше јавно обраќање до академиците во МАНУ.

Почитувани академици, почитуван господине  Претседател на МАНУ академик Љупчо Коцарев,

Денес оваа прес конференција ја правиме овде, пред Македонската академија на науките и уметностите, највисоката и најреспектираната научна институција во Република Македонија, со цел да реафирмираме една стара иницијатива која јас, почитуван претседателе Коцарев ви ја презентирав при нашата кратка средба кај вас уште на самиот почеток на ковид кризата летото 2020, а тоа е иницијативата за формирање на експертска влада.

Оваа иницијатива подоцна ја разработивме и јавно ја спромовиравме низ медиумите со политичките истомисленици од коалицијата - Не отворам врата во која членуваат преку 20 здруженија, организации и една политичка партија.

Жално е што уште при нашата средба точно прогнозирав ваков негативен развој на кризата со ковид пандемијата, но ме охрабри тоа што и вие се сложивте дека иницијативата за експертска влада е соломонското решение во даденава ситуација, но изразивте скепса дека нема да има политичка воља за такво нешто да се направи.

Во меѓувреме работите стануваа се покомплицирани и покомплицираниа настаните не претекнуваа со филмска брзина. Сепак коалицијата -  Не отворам врата успеа да извојува две политрички победи.

Го охрабривме народот да го бојкотира референдумот за неуставната промена на името на државата и успеавме да постигнеме одложување на нелегитимниот и животозагрозувачки попис до септември 2021 .

Нашите барања и тогаш и сега се непроменети: прво, стабилна епидемиолошка ситуација, второ, попис со изменета методологија, усогласен со европските стандарди и обработка на податоците со македонски софтвер од македонска фирма и трето, спроведување кредибилни локални и парламентарни избори во безбедни епидемиолошки услови.

И пред две години и денес сметаме дека овие три барања може да ги исполни само експертска влада составена од експерти кои ќе ги предложи МАНУ.

Оваа аполитична влада може да се справи со предизвиците кои ги носат овие турбулентни времиња и да не спроведе безбедно до некои по мирни води

Експертската влада на МАНУ има капацитет во однос на ковид кризата да реагира соодветно и да донесува епидемиолошки оправдани одлуки како во однос на социјалната дистанца, протоколите за домашно и болничко лекување, како и динамиката на доброволната вакцинација, без тоа да биде обременето од политички пазарења и калкулации.

Експертската влада на МАНУ има капацитет да спроведе кредибилен попис по европска методологија како и капацитет да изработи домашен софтвер за обработка на податоците како истите би биле кредибилни.

Експертската влада составена од МАНУ има капацитет да спроведе кредибилни  локални и парламентарни избори со медицински и епидемиолошки издржани мерки и правилна и ефикасна  социјална дистанца 

Апелираме до МАНУ и до претседателот  на МАНУ академик Љупчо Коцарев да се произнесат јавно по оваа наша иницијатива .

Наша проценка е дека иницијативата за експертска влада ќе има огромна поддршка во јавноста а ние како вонпарламентарна опозициска коалиција ќе извршиме притисок кон парламентарната опозиција за прифаќање на иницијативата.

Апелираме и во името на сите оние починати од ковид дилетантизмот на актуелнава влада и актуелниот министер за здравство, оваа иницијатива да ја разгледате и прифатите и  јавно да се произнесете со соопштение.

Благодарам,


Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отоврам врата“
Скопје, четврток 2 септември 2021 година

ТВ Алфа

ТВ 24

Слободен Печат