Бачев со последен повик до пратениците: Одложете го пописот, во спротивно не отвораме врата и фалсификуваниот попис ќе го направиме неуспешен


01.09.2021 | 15:38:42 | Пописи


Бачев со последен повик до пратениците: Одложете го пописот, во спротивно не отвораме врата и фалсификуваниот попис ќе го направиме неуспешен

Изјава, Национален Блок „Не отворам врата“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, среда, 01 септември 2021 година

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во името на Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, среда, 1 септември 2021 година имаше јавно обраќање до пратениците во Собранието.

Почитувани пратеници во Собранието на Република Македонија,

Националниот Блок „Не отворам врата“ ви се обраќа во името на поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Македонија кои се против нелегален, нелегитимен, фалсификуван и живото загрозувачи попис.

Уште еднаш денеска ве уверуваме дека сме одлучни во својата активна и одговорна улога и досегашните наши активности, вклучувајќи го и нашиот успех за едно одложување на пописот, изградивме јасен став спрема пописот од кој нема отстапување.

Нема отстапување од заложбата за реален и вистински, а не лажен и фалсификаторски попис кој лажно ќе го пребори населението во Република Македонија.

Пратеници, бараме од вас бараме веднаш да го одложите пописот земајќи предвид дека само вие ја имате таа законска можност. Сегашниот закон за попис не е усогласен со пописните стандари на ЕВРОСТАТ и документите на ОН од оваа област бидејќи со законот се опфаќа резидентното и неризедентното население, се дава можност трети лица да попишуваат отсутни лица со покажување на нивен матичен број, попишување на етничката и религиозната припадност од трети лица иако овие определби се од строго лични и приватна природа, двоен потпис за пописот да биде важечки, што севкупно го прават пописот политичка наместо статистичка операција за реално пребројување на населението.

Пратеници, не смееме да дозволиме фалсификуван попис со кој дефинитивно се руши темелот на македонската држава и живото-загрозувачки попис во услови на пандемија во која секојдневно гледаме заболени и починати лица.

Пратеници, дејствувајте итно и до недела кога треба да почне пописот направете законска измена за одложување на пописот.

Во исто време, ве потсетуваме и вас и целокупната јавност дека Националниот Блок „Не отворам врата“ уште на 9 март поднесе во Собранието Закон за престанување на важењето на законот за попис. На 24 февруари поднесвоме до Уставниот суд Иницијатива за поништување на повеќе членови од законот за попис кои не се во согласност со уставот на Република Македонија. Но, нашиот закон и иницијатива остануваат закочени во собраниските фиоки и во фиоките на Уставниот суд.

Доколку не се прифати нашето барање за одложување на пописот, ќе повикаме на неизлегување, граѓаните да не отвораат врата и на тој начин ќе го направиме пописот неуспешен со мал процент на попишување за да и покажеме на власта дека не признаваме нелегален и нелегитимен попис со однапред договорени проценти со што дефинитивно се руши темелот на македонската држава.

Пратеници, покажете одговорност и во услови на целосна концентрација на моќта кај Зоран Заев, одземете му го правото на Заев да договара и прифаќа фалсификување на пописот и во последен момент одложете го пописот.

За крај, ве предупредуваме дека македонскиот народ нема да прифати уште еден фалсификуван попис. Секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за опасна авантура и тешко велепредавство спрема Република Македонија.

Националниот Блок „Не отворам врата“ го прави потребниот чекор!  

На потег сте вие пратениците!

Не отворам врата!

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, среда, 1 септември 2021 година

ТВ Алфа (од 26м.30с. до 27м. 30 с)

ТВ Сител

Радио Слободна Европа