ИК на Единствена Македонија: Ќе има повторно кампања против пописот доколку власта не се вразуми и не овозможи попис според стандардите на ОН


27.08.2021 | 18:33:15 | Пописи


ИК на Единствена Македонија: Ќе има повторно кампања против пописот доколку власта не се вразуми и не овозможи попис според стандардите на ОН

Извршниот комитет на Единствена Македонија  донесе одлука да го реафиримира ставот за повикување на граѓаните да не се попишуваат доколку власта не се вразуми и не овозможи попис во нормални услови и според стандардите на Обединетите нации како би имале попис според светски пописен модел.

На тој начин ќе го направиме пописот неуспешен со мал процент на попишување за да и покажеме на власта дека не признаваме нелегален, нелегитимен и живото-загрозувачки попис во тешка здравствена криза.

Ова од најмалку три причини:

Првата причина е законот за попис со кој на повидок е фалсификување на пописот бидејќи пописот се сведува на политички процес според однапред договорени проценти а не на статистичка операција која треба да ја даде реалната бројка на населението во државата.

Втората причина е тешката здравствена состојба во земјата. Кризата со коронавирусот покажува голем број на заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации.

Третата причина е што во историјата на избори во светски рамки не е познато во исто време да има попис и избори како во Македонија каде истовремено ќе се спроведува попис и избори.

Единствена Македонија со непризнавање на уште еден фалсификуван и живото-загрозувачки попис на конкретен начин покажува дека секогаш е до крај на страната на народот. Единствена Македонија ќе продолжи одговорно да се однесува и останува целосно посветена на спречување на фалсификување на пописот со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок 27 август 2021 година