Единствена Македонија до Заев: Барај помош за македонските државјани од руската амбасада во Авганистан која и натаму работи откако американските дипломати започнаа бежанија


17.08.2021 | 15:46:09 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев: Барај помош за македонските државјани од руската амбасада во Авганистан која и натаму работи откако американските дипломати започнаа бежанија

Единствена Македонија внимателно ја следи состојбата со стотината македонски државјани кои се затекнаа во Кабул по доаѓањето на новата власт во Авганистан.

Засега едно е јасно. Американските дипломати во Авганистан започнаа бежанија и фатија џаде од Кабул додека руската амбасада според вчерашното соопштение на руското министерствто за надворешни работи продолжува да работи нормално и веќе има воспоставено контакти со новите власти во Авганистан.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев веднаш да побара помош од Руската Федерација да помогне преку нејзината амбасада во Кабул која функционира во полн капацитет во евакуацијата на македонските државјани.

Свесни сме дека марионетската власт во Скопје и Зоран Заев и самото спомнување на зборот Русија предизвикува одбојност. Свесни сме дека власта во Скопје и Заев се преплашени од нивните странски газди да не им свикаат доколку побараат помош од Русија.

Но, во овој момент сето тоа е небитно. Сега е најважна безбедноста и животите на нашите државјани во Авганистан. Ова не трпи политички калкулации. Се треба да биде во функција на безбедно извлекување на македонските државјани од Авганистан.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 17 август 2021 година