Единствена Македонија до Заев и Филипче: Вразумете се, слушнете го гласот на 50.000 луѓе кои протестираа во цела Македонија, вакцинирањето лична одлука на секој поединец


16.08.2021 | 12:21:35 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев и Филипче: Вразумете се, слушнете го гласот на 50.000 луѓе кои протестираа во цела Македонија, вакцинирањето лична одлука на секој поединец

Единствена Македонија ги повикува Зоран Заев и Венко Филипче да се вразумат и да го слушнат гласот на 50.000 граѓани од кои 20.000 во Скопје кои синоќа протестираа низ цела Македонија против дискриминаторските мерки на власта за поделба на луѓето на вакцинирани и невакцинирани.

Според Уставот граѓаните се еднакви во слободите и правата по сите основи и одлуката на власта со која ги става граѓаните пред избор - или вакцина или забрана за влегување во било какви објекти не е во согласност со уставот. Дотолку повеќе, мерката за дискримација на граѓаните е нехумана, нечовечка и антицивилизациска.

Единствена Македонија го реафирмира својот став од 26 декември 2020 дека власта треба да овозможи избор меѓу повеќе вакцини а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец. Затоа бараме власта да го слушне гласот на народот и да ја укине оваа дискриминаторска одлука.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 16 август 2021 година