Единствена Македонија: СДСМ и ДУИ вчера го славеа денот кога Македонија со рамковниот договор престана да биде држава


14.08.2021 | 15:06:35 | Соопштенија


Единствена Македонија: СДСМ и ДУИ вчера го славеа денот кога Македонија со рамковниот договор престана да биде држава

Вчера по повод 20 години рамковен договор видовме помпезна прослава на државен трошок со преку 300 гости и потрошени 500 илјади евра народни пари.

Се навршија 20 години од капитулантскиот Рамковен договор на кој властите во изминатите години му придаваат нереално историско значење. Јавноста е сведок дека за годишнината кај народот владее молк во земјата за овој настан. Во Македонија нема народно чествување и веселби на 13 август, денот, кој од властите се означува како историски.

Но вистината е поинаква. Што славеше власта вчера кога со рамковниот договор Македонија престана да биде држава како сите нормални држави кои базираат на концептот на национални држави со гарантирана положба на малцинските права според меѓународното право.

Со договорот Македонија стана збирштина на заедници од кои само Македонците останаа без своја национална држава за разлика од останатите заедници кои имаат свои матични национални држави. Рамковниот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест и оттука сите македонски патриотски и национални сили имаат света должност да се залагаат за негово поништување и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиот народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за нашиот народ и држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 14 август 2021 година