Дебата по повод 20 години рамковен договор: Договорот и натаму останува неприфатлив и длабоко трауматичен за македонската национална свест


13.08.2021 | 17:10:05 | Соопштенија


Дебата по повод 20 години рамковен договор: Договорот и натаму останува неприфатлив и длабоко трауматичен за македонската национална свест

Дебата, Единствена Македонија
д-р Јове Кекеновски, д-р Миодраг Лабовиќ, д-р Јанко Бачев, амбасадор Ристо Никовски. Марин Најдов претседател на Одборот на бранители
Скопје, петок, 13 август 2021 година

Единствена Македонија денес 13 август 2021 (петок) организираше дебата по повод 20 години од рамковниот договор.

На дебатата свое излагање имаа универзитетските професори Јове Кекеновски, Миодраг Лабовиќ, Јанко Бачев, амбасадорот Ристо Никовски и претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов.

Модератор на дебата беше Теодора Јовановска.

Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека и по 20 години рамковниот договор се толкува различно - додека кај малцинскиот албански дел од населението се доживува еуфорично и се слави, кај мнозинскиот македонски дел и останатите малцинства предизвикува фрустрации.

Исто така беше посочено дека договорот е сеуште неприфатлив и длабоко трауматичен за македонската национална свест, државата е редифинирана и го изгуби националниот карактер како што е кај сите современи држави во Европа кои во своите устави содржат референца за мнозинскиот народ а Македонците останаа без своја национална држава, меѓуетничките тензии, партизираната администрација, бинационалната држава, живот едни покрај други, наместо едни со други, фалсификуван попис од 2002 и најава на нов фалсификуван попис во 2021 година, надминување на застапеноста на Албанците-административци во некои институции и над 50 отсто, пробивање на рамката од договорот со што Албанците наместо бараниот еден добија три универзитети на албански јазик, т.н. бадинтеровто мнознство воопошто не се почитува на локално ниво од албански градоначалници, вон рамката ревидирање на општинските граници и доминантно албански општини во цела западна Макеоднија и полициски началници во овие општини - Албанци, вака според експертската јавност беше претставена Македонија, 20 години по потпишувањето на рамковниот договор.

Центар за комуникации на Единствена Македонија  
Скопје, петок, 13 август 2021 година 

ТВ 24

Скопје 1

МТВ (од 8м и 15с)