Национален Блок „Не отворам врата“: Попис во исто време со избори и пандемија никаде не се прави, потребно е ново одложување на пописот


12.08.2021 | 18:52:46 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Попис во исто време со избори и пандемија никаде не се прави, потребно е ново одложување на пописот

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
Вангел Божиноски, претседател на Македонска Преродба
Скопје, четврток, 12 август 2021 година

Во име на Националниот Блок „Не отворам врата“ на денешната прес конференција Вангел Божиноски истакна:

Почитувани,

Ние  повеќе десетици македонски организации (вклучувајки ги и нашите сонародници од Европа,Америка,Австралија и Канада), еве, по трет пат сме принудени  да  се огласиме и преку прес конференција да го реактуелизирамепрашањето кое прераснува во проблем кој во други околности би претставувал редовна, рутинска граѓанска должност.

Прв  дел

Втор дел

Досега испративме порака до надлежните укажувајки на реалноста во која се инсистира на попис. Ги подвлековме документите според кои власта и институциите инсистираат да се изведе оваа сложена операција и ја подвлековме акутната состојба во односот власт и народ која е пример за градење на недоверба без преседан во историјата на човештвото.

Да го повториме по трет пат обидот :

Како што прецизно објавивме на првата прес конференција ние, не бојкотираме, ние се залагаме за одложување на пописот и наведовме и наведуваме сериозни аргументи поради кои сметаме дека попис сега е законски, здравствено и логично неодржлив.

Сите досегашни  акции организирани од оваа власт во кои се бара учество на граѓаните на Македонија, се без исклучок проблематични со растечка недоверба кај граѓаните.  Не треба да сте упатен за да ви стане јасно дека таквите манифестации се со однапред готови резултати далеку пред да започнат како театарска представа.  Да се организира попис на население, имоти, квалитет на живот, присутни и одсутни во Македонија, кој како се чуствува во туѓина и дали е тука или не е, особено да не се згреши  бројката за привилегираното малцинство, а потоа кои се бројките на другите второстепени народи...и во исто време да организирате  избори по општините за кои немате поим ни инструментариум за тоа колкав е бројот на реалното гласачко тело, што пред се мора да биде точно попишано за да знаете колку се реални изборите. Тоа за нас е потполно неразумно.

Да подсетиме:  граѓанско, демократско право е да искажете сопствено мислење и против дејствата и намерите на власта,  неразбирливи се сите  закани и сеење на страв кога одлуката за попис е поддржана и сите ние со децение бараме попис. Но, не смееме да дозволиме ризик за ваква операција во време на најголемото еколошко загадување на воздухот во историјата на светот, особено кога се повеќе сме сигурни дека власта не е способна да управува со овој кијамет од ковиди кои се множат секојдневно. Особено кога се (што не е владин службеник)  отворено и континуирано укажува на недостатоци во подготовката на пописот од секаков вид и да не заборавиме оние кои имаат  углед и резултати од углед во правото тврдат дека попис во време на пандемија е кривично дело. И да не заборавиме доколку можеме да веруваме на изјавите: Како поединец кој ја врши функцијата претседател, пред воопшто да почне пописот изјавува дека го знае исходот ?!

Дезинформација - оваа именка се користи како преведена и на македонски можеме да ја чуеме како лажни вести...ова многу често се повторува преку средствата за јавно информирање и без исклучок се однесува на се друго освен на изјавите на власта.

Да направиме само рудиментарен археолошки ископ во блиската сегашност и да видиме дали е така.

Власта изјави во многу наврати дека “никој не смее да го менува името на државата македонија“....тоа се покажа како дезинформација.

Власта изјави дека“ никој нема право да го менува Уставот*...тоа се покажа како дезинформација.

Власта изјави дека изборите ке бидат “фер и демократски“ потоа падна компјутерскиот систем на ДИК.

Власта изјави дека односите со  ЕУ-соседите ги довела до степен на пријателство....во праксата односите со нашите  ЕУ соседи никогаш не биле полоши...и до денес не знаеме колку и какви отстапки се потпишани спрема владите на јужниот и источниот сосед

Власта сеуште изјавува дека пред 5 год. Европската унија гарантирала дека утре Македонија ќе биде дел од ЕУ. Од она што можеме да видиме и чуеме од сите претставници на ЕУ кои на кој и да е начин биле медиумски присутни во последните 5 години : апсолутно е сигурно дека никогаш никој претставник на ЕУ не му ветил на Заев ништо такво.

Според оваа досегашна пракса потврдена со синтагмата “нова реалност“ која се препорачува низ медиумите, ние би требало да се навикнеме на се кое власта го наложува инаку следат прогони.

Изгледа дека синтагмата “лажни вести“ не е производ на нешто кое однадвор создава неизвесност, туку, дека тие кои се “загрижени“ само за“вистината“  се главниот извор на лажни вести.  Упорно и во подолг временски период !

Затоа!

Овој собор не  e  политички. Овој собор претставува природно,логично  и неопходно соединение на граѓани доведени до состојба на сериозна загриженост предизвикана од постапките на луѓе кои по законите на сеуште недефинираниот поим политика,овде-сега, ја играат улогата на власт во Македонија. Терминот го користам во длабок историски контекст.

Овде и сега повикани од гравитацијата на сериозната загриженост 25 македонски организации (поддржани од  македонските организации на Канада, Америка, Европа и Австралија) се согласија дека :

1. инсистирањето за попис на населението (според образложението на власта) е неразбирливо и неаргументирано  пред  здравиот разум и  содржи потребен и доволен број опасности по здравјето и идентитетот на граѓаните  за да биде прифатено

2. потребен и доволен број народни представници од сферата на правото и економијата се изјаснија до степен на поднесени кривични пријави против попис во вакви услови. Тие  посочуваат прецизни членови од законската и уставна регулатива  која е нарушена со ова  инсистирање на попис на населението. Пописот  никој не го оспорува како потреба.....зошто, одеднаш, толку агресивна исполнителност за тема која власта досега  по разни причини не ја нудеше како приоритетна  на својата агенда?  Зошто, одеднаш, престанува вниманието на власта за  здравјето на граѓаните  поради неверојатниот Ковид 19  поради кој до денес живееме во услови на светска пандемија? Што не очекува со уште понејасните и поопасни  ковиди кои допрва доаѓаат?  Зошто , во сите законски акти во светот стои ист параграф кој забранува попис во услови на епидемија? Зошто, пописот содржи нелогичности во постапката поради што има бурни реакции од професионалците кои ја познаваат процедурата?

Почитувани, прашањата си навираат и еден е одговорот:

Мораме да признаеме дека не бевме многу среќни со досегашното практикување на власта и низ децениите се помалку веруваме во вистинитоста на изговореното и  стореното од таа висока позиција. Сметаме дека можете да го разберете ова.

Затооа потпишавме Повелба за стратешка соработка против попис на населението, во       услови на пандемија, во услови на нелогична, правно неиздржана методологија и во услови на екстремно голема недоверба во власта.

Повелбата  ја потпишаа овластени представници на организациите од земјата и  македонските организации од странство.

Затоа на оваа трета прес конференција испорачуваме барање :

Одлагање на датумот за попис без какви и да е закани од страна на власта се до создавање на нормални услови.

Со оглед на недобивањето никаков коментар од страна на директорот на Заводот за статистика во врска со сериозните забелешки кои ги упативме до нивна адреса, сметаме дека документот потпишан од негова страна укажува на потребата за покомпетентен вршител на оваа сериозна должност.

Со оглед на неподносливата измама која ја живееме очекуваме минимално достоинство од власта која  бесправно, безобзирно ја преименува Македонија од култура и цивилизација во територија со прогресивно без пари продадено достоинство кое во името на нашите образи што надоаѓаат од иднината не смееме да го дозволиме. Со други зборови немаме минимална доверба дека умеете да ги штитите интересите на македонскиот народ, напротив сметаме дека треба да отстапите место за способни и компетентни луѓе. Смрт на фашизмот, Слобода за Македонија - потенцираше Божиноски.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“ 
Скопје, четврток, 12 август 2021 година

Медимуи:

ТВ 24

ТВ Сител