Единствена Македонија: Задолжителното вакцинирање е тежок грев и злосторство врз народот, вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец


09.08.2021 | 14:33:24 | Соопштенија


Единствена Македонија: Задолжителното вакцинирање е тежок грев и злосторство врз народот, вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец

Единствена Македонија го реафирмира својот став од 26 декември 2020 година, власта да овозможи избор помеѓу повеќе видови вакцини, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец.

Оттука, Единствена Македонија најостро ја осудува вчерашната одлука на власта по 16 август да воведе забрана за влегување во било какви објекти за лицата кои не се вакцинирани.

Власта влегува во опасна авантура со нечовечката, нехумана и антицивилизациска мерка - или вакцина или забрана за влегување во објекти. Вакцинирање против волјата на поединецот е тежок грев и злосторство врз народот и се коси со природните, божјите и човечките закони.

Исто така, принудно вакцинирање е неуставно бидејќи дискриминацијата е забранета, односно, граѓаните според уставот се еднакви во слободите и правата по сите основи. Дали некој ќе се вакцинира или нема да се вакцинира е лична одлука на секој поединец.

Доколку власта не ја повлече дискриминаторската одлука, Единствена Македонија ќе преземе најмалку две можности, прво, оспорување на одлуката пред Уставниот суд и второ, повикување на народен протест.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 09 август 2021 година