Бачев: Карпалак можеше да се спречи доколку Бучковски го преземеше тоа што беше должен да го преземе


08.08.2021 | 18:59:54 | Прес Конференции


Бачев: Карпалак можеше да се спречи доколку Бучковски го преземеше тоа што беше должен да го преземе

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија
Карпалак, недела, 8 август 2021 година

Делегација на Единствена Македонија по повод 20 години од погибијата кај Карпалак денес положи цвеќе во спомен на десет македонски бранители кои загинаа во Татковинската војна во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.